9.8 C
Skopje
21 C
Melbourne
недела, 20 април, 2025
0
Дома Македонија Костадиновска Стојчевска: Имаме уште време, до крајот на годината, да го затвориме...

Костадиновска Стојчевска: Имаме уште време, до крајот на годината, да го затвориме прашањето за изборите

Потпретседателката на СДСМ и актуелна министерка за култура на прашањето зошто СДСМ сè уште нема став по ова прашање и дека во меѓувреме и ДУИ се изјасни дека е корисно двата изборни циклуси да бидат заедно, во интервју за ТВ Сител рече дека секоја партија има право да изгради посебен став и потоа на маса да седнат сите коалициски партнери и да донесат одлука

Инаку, шефот на државата Стево Пендаровски денеска изјави дека ставовите на власта и опозицијата се приближуваат околу ова прашање и оти е можно наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период

Имаме уште време, до крајот на годината, да го затвориме прашањето дали претседателските и парламентарните избори ќе се одржат заедно или одвоено, изјави потпретседателката на СДСМ и министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во вечерашното интервју во „Тема на денот“ во Дневникот на ТВ Сител.

Таа истакна дека СДСМ ќе ги земе предвид сите аспекти при дефинирање на датумот за изборите, а одлуката ќе биде донесена заедно со сите коалициски партнери.

„Во овој момент секоја партија одлучува во рамки на своите партиски органи. Како партија којашто е водечка во коалицијата, во Владата, разговараме и имаме секојдневна комуникација со сите коалициски партнери, така што сè уште е рано да се каже кој ќе биде крајниот исход. Сè уште не сме започнале со преговори со опозицијата, но она што можам да го кажам е дека на следните избори ќе имаме два многу јасни избора – или ќе избереме да бидеме полноправна членка на Европската Унија или ќе се вратиме назад“.

На прашањето зошто СДСМ сè уште нема став по ова прашање и дека во меѓувреме и ДУИ се изјасни дека е корисно двата изборни циклуси да бидат заедно, таа рече дека секоја партија има право да изгради посебен став и потоа на маса да седнат сите коалициски партнери и да донесат одлука.

„Ова е прашање кое е многу поголемо од тоа дали СДСМ е сама во носење на оваа одлука или не и затоа сметам дека сè додека траат консултациите во партиските тела кај нас, меѓутоа и кај другите коалициски партнери, бидејќи ниту една друга партија нема излезено со официјален став. Сето ова се размислувања околу тоа што е подобро, а што не и се разбира дека ние како Социјалдемократски сојуз ќе ги земем сите аспекти коишто треба да се земат во предвид кога ќе одлучуваме дали тоа ќе бидат избори во еден ден или разделени избори. Меѓутоа мораме да бидеме на маса сите коалициски партнери, мора да донесеме заедничка одлука“, кажа потпретседателката на СДСМ и министерка за култура.

Прашана кој е нејзиниот личен став по прашањето дали парламентарните и вториот круг од претседателските избори треба да се одржат заедно, Костадиновска Сточејвска изјави дека тоа ќе биде одлуката што ќе ја донесат како партија.

„Сè уште е рано да излегуваме со лични ставови“, додаде таа.

Инаку, шефот на државата Стево Пендаровски денеска изјави дека ставовите на власта и опозицијата се приближуваат околу ова прашање и оти е можно наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период.

„Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период“, рече Пендаровски

Со идентични очекувања вчера излезе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го поздрави ставот што преовладува кај коалициските партнери во Владата од албанскиот блок – ДУИ и Алијанса за Албанците претседателските и парламентарните избори да бидат заедно.

„Има напредок, слушнавте што кажа Османи, слушнавте што кажа Таравари. Добро е што полека се опаметуваат имајќи ја предвид финансиската состојба во Македонија, добро е што изборите ќе бидат заедно, барем од тоа што го слушнавме бидејќи претпоставувам на Ковачевски му требаше да биде охрабрен од Али (Ахмети), од Бујар (Османи), од Арбен (Таравари) за конечно да ја сфати реалноста. Така што добро е што ќе бидат изборите заедно. Ја поздравувам таа одлука на коалициските партнери во Владата. Претпоставувам дека деновиве брзо ќе биде и датумот“, рече Мицкоски во Струмица.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на 8 ноември во изјава за медиумите рече дека ќе ги чека парламентарните партии до Нова година да најдат консензус и да се договорат околу термините за двата изборни процеси. Ако политичките партии не постигнат консензус за датумите, Џафери вели дека тој ќе постапи според неговите надлежности и ќе распише избори.

Melbourne
light intensity shower rain
21 ° C
21.3 °
20.2 °
47 %
5.1kmh
80 %
нед
23 °
пон
19 °
вто
18 °
сре
22 °
чет
25 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img