19.8 C
Skopje
9.8 C
Melbourne
Tuesday, 7 May, 2024
0
Дома Македонија Блинкен и Лавров на заедничка маса во Скопје? Османи: Лавров не е...

Блинкен и Лавров на заедничка маса во Скопје? Османи: Лавров не е во билатерална посета, туку на самит на ОБСЕ

На само 4 дена пред официјалното започнување на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје , шефот на македонската дипломатија Бујар Османи се уште не може да потврди за деталите околу слетувањето на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Османи вели дека третманот на доаѓањето на Лавров ќе биде ист како оној во Обединетите нации во Њујорк.

„Во национален капацитет се разбира и јас би бил против како министер за надворешни работи, но тука рускиот министер за надворешни работи не доаѓа во билатерална посета. Одлуката на Европската унија по однос на санкциите е јасна, вели, со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ и со други меѓународни организации, бидејќи Лавров беше и во Њујорк, сега во септември во Соединетите Американски Држави, но во Обединетите нации а не во Соединетите Американски Држави. И тука не доаѓа во Скопје, ако дојде, доаѓа во ОБСЕ“, вели Османи.

Од друга страна руската агенција ТАСС информира дека Македонија му дозволила на рускиот министер Лавров да слета на аеродромот во Скопје и со тоа да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ. Во агендата на настаните на првиот ден, односно на 29 овој месец предвидена е заедничка неформална вечера на министрите на ОБСЕ. Ќе седнат ли на иста маса Лавров со украинскиот, како и со американскиот секретар Блинкен?

„За неформалната вечера го очекувам државниот секретар Блинкен. Во кој дел од трите дена ќе биде министерот за надворешни работи на Руската федерација, не можам да кажам во овој момент. Се разбира не треба да очекуваме дека во сите три дена сите ќе останат три дена. Сепак тоа се важни луѓе кои што ќе дојдат на одреден дел од настанот и ќе си заминат. Дали ќе се поклопуваат термините на нивниот престој, тоа не можам да кажам. Мислам дека може да има одредени други паралелни ангажмани“, рече Османи.

За деновите на одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ МВР ќе преземе соодветни безбедносни мерки.

„Целосно сме подготвени, сите служби и Секторот за внатрешни работи Скопје, Одделот за заштита на определени личности и објекти, единицата за службени кучиња, воздухопловната единица, значи сите учествуваме во рамките на својот дел секако и другите институции. Јас очекувам дека сето ќе помине во најдобар можен ред. Апелирам до граѓаните да имаат трпение за овие денови на одржувањето на Самитот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.“, изјави Спасовски.

Пристигнувањето на делегациите се очекува да почне од вторник 28 овој месец, а Самитот ќе трае во среда и четврток односно на 29 и 30 ноември, за кои Владата одлучи да бидат неработни за поголем дел од вработените.

Melbourne
broken clouds
9.8 ° C
11.9 °
6.7 °
93 %
3.1kmh
75 %
Mon
10 °
Tue
16 °
Wed
18 °
Thu
17 °
Fri
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img