12.8 C
Skopje
7.5 C
Melbourne
Saturday, 4 May, 2024
0
Дома Свет Хантер Бајден обвинет за затајување данок

Хантер Бајден обвинет за затајување данок

Хантер Бајден, синот на претседателот ан САД Џо Бајден, има нови девет даночни обвиненија во Калифорнија, како што истрагата на специјалниот советник за неговите деловни зделки се интензивира во позадина на изборите во 2024 година.

Новите обвиненија поднесени вчера, три кривични дела и шест прекршоци, се во прилог на федералните обвиненија за огнено оружје во Делавер, со што случајот се става на пат до можно судење додека неговиот татко се бори за реизбор.

Хантер Бајден „потроши милиони долари на екстравагантен начин на живот наместо да ги плаќа своите даночни сметки“, рече специјалниот советник Дејвид Вајс во изјавата.

Обвиненијата се фокусирани на најмалку 1,4 милиони долари за даноци што Хантер Бајден ги должел во периодот помеѓу 2016 и 2019 година, период кога тој призна дека се бори со зависнос. Оттогаш се платени заостанатите даноци.

Доколку биде прогласен за виновен, Хантер Бајден (53) би можел да добие најмногу 17 години затвор.

Истрагата на специјалниот советник останува отворена, рече Вајс.

Адвокатот на одбраната Лоуел го обвини Вајс за потклекување на притисокот на републиканците.

„Врз основа на фактите и законот, ако презимето на Хантер беше нешто друго освен Бајден, обвиненијата во Делавер, а сега и во Калифорнија, немаше да бидат покренати“, рече Лоуел во изјавата.

Белата куќа одби да го коментира обвинението од четвртокот, упатувајќи прашања до Одделот за правда или личните претставници на Хантер Бајден.

Melbourne
broken clouds
7.5 ° C
11 °
5.7 °
91 %
2.1kmh
75 %
Fri
10 °
Sat
16 °
Sun
18 °
Mon
19 °
Tue
19 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img