Додава дека Македонија има добро поставен уставно – законодавен систем за борба против криминалот и корупцијата и за воспоставување на систем за владеење на правото, но за тоа треба да се случи политиката треба да ги тргне рацете од институциите и да им се даде можност на чесните професионалци кои што во македонските институции ги има во голем број.

„Јас мислам дека Македонија има добро поставен уставно законодавен систем и мислам дека има добро организирани институции, односно, не мислам дека на Македонија и требаат ниту нови закони, ниту нови институции. Тоа што и треба на Македонија е да ги примени законите и политиката да ги ослободи институциите да работат согласно закон. 10-15 проценти од вработените во институциите се екстремно корумпирани, останатите се чесни професионалци и доколку на нив им се даде шанса институциите добро ќе работат и за шест до девет месеци ќе дојдат првите резултати. Јас гарантирам дека за шест месеци ќе дојдат првите резултати само да се тргнеме, ништо да не и правиме на институциите, никаков закон да не менуваме, никакви нови институции да не правиме, првите резултати ќе дојдат“, истакна Николоски.