14.8 C
Skopje
18.3 C
Melbourne
Monday, 6 May, 2024
0
Дома Свет Уапсени четворица членови на Хамас поради сомнение дека планирале напади врз еврејски...

Уапсени четворица членови на Хамас поради сомнение дека планирале напади врз еврејски институции во Европа

Од германското обвинителство велат дека тројца осомничени поврзани со Хамас се уапсени во Берлин и еден во Ротердам, Холандија

Германските власти соопштија дека уапсиле четворица членови на Хамас кои се осомничени дека планирале напади врз еврејски институции низ Европа.

Од германското обвинителство велат дека тројца осомничени поврзани со Хамас се уапсени во Берлин и еден во Ротердам, Холандија.

Според германските обвинители, тројцата уапсени во Берлин биле Либанци и Египќани, пренесува Би-би-си.

Четвртиот осомничен, холандски државјанин, бил приведен во Ротердам од холандската полиција која постапувала по информации од германските власти. Се верува дека сите четворица се долгогодишни членови на Хамас и дека биле „тесно поврзани“ со раководството на вооруженото крило на Хамас, бригадите Езедин ал-Касам, додава Би-би-си.

„По ужасните напади на Хамас врз израелското население, нападите врз Евреите во еврејските институции се зголемени и во нашата земја во последните недели. Затоа мораме да направиме сè што можеме за да се осигураме дека Евреите во нашата земја нема повторно да се плашат за својата безбедност“, рече германскиот министер за правда Марко Бушман.

Данските власти соопштија и дека уапсиле три лица обвинети за подготовка на напад.

Европските власти претходно предупредија на зголемен ризик од напади на исламистите радикализирани од израелската војна со Хамас.

Melbourne
few clouds
18.3 ° C
19.3 °
17.2 °
58 %
5.7kmh
20 %
Mon
17 °
Tue
16 °
Wed
17 °
Thu
17 °
Fri
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img