14.8 C
Skopje
10.9 C
Melbourne
Sunday, 5 May, 2024
0
Дома Македонија Прва успешна реституција: Вратени 20 украдени македонски икони, на ред чекаат уште...

Прва успешна реституција: Вратени 20 украдени македонски икони, на ред чекаат уште 37

Верувам дека успешно ќе се одвива процесот на враќање и на уште 37 идентификувани икони, украдени од македонските цркви и манастири во периодот од 2008 до 2013 година“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска

Штотуку одмотани од хартијата и заштитните обвивки, поставени на масите во холот од музејот и со многумина љубопитни музејски работници и црковни лица кои со стравопочит и заштитни ракавици ги допираа насликаните дрвени плочи стари со векови.

Таква беше атмосферата во Музејот на Северна Македонија каде вечерва накусо беа прикажани иконите што пред повеќе од десет години биле украдени од македонските цркви и преку шверцерски мрежи изнесени во Албанија.

Дваесетина на број, иконите, во импозантна големина, прикажуваат свети лица и епизоди од христијанството. Биле украдени од македонските црквите во западните делови на земјата. Биле откриени пред десетина години, после обемна акција на албанската полиција за разбивање мрежа за шверц на културни добра.

„За прв пат во нашата држава, успешно заврши реституција на културно наследство. Дваесет наши икони, репрезент на она што се творело на крајот од 18-ти и во 19-ти век, после една деценија се вратени дома. Овие ремек дела за Северна Македонија се дел од идентитетските одредници и наше богатото културно наследство“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, рече дека за првпат во регионот се случува да биде вратено украдено заштитено културно добро. Таа им се заблагодари на албанските власти за соработката во процесот на враќањето на иконите.

„Охрабрена од овој гест на пријателска Република Албанија верувам дека успешно ќе се одвива процесот на враќање и на уште 37 идентификувани икони, украдени од македонските цркви и манастири во периодот од 2008 до 2013 година“, рече Костадиновска Стојчевска.

Голем удел во препознавањето на иконите има и Сашо Цветковски, член на МАНУ.

„Овој процес, кој траеше десет години, поминуваше низ различни фази, но благодарение на синхронизираноста на сите вклучени институции и поединци од струката и науката да ги видиме иконите овде вечерва. Тие се дел од нашето наследство, историја, култура“, истакна Цветковски.

Како што беше најавено, ќе следи конзерваторски третман за секоја икона одделно. После конзервацијата и заштитата ќе следи и нивно прикажување за јавноста.

Melbourne
broken clouds
10.9 ° C
12.9 °
8.9 °
90 %
2.1kmh
75 %
Sat
11 °
Sun
19 °
Mon
19 °
Tue
17 °
Wed
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img