7.8 C
Skopje
18.4 C
Melbourne
Monday, 6 May, 2024
0
Дома Популарно Израел презема одговорност за убиството на тројцата заложници: Не можеме да го...

Израел презема одговорност за убиството на тројцата заложници: Не можеме да го вратиме времето

Началникот на Генералштабот на Израел, Херзи Халеви, вечерва ја презеде одговорноста за убиството на тројцата заложници кои вчера беа убиени од израелски војници во Газа. Заложниците беа убиени иако вееја импровизирано бело знаме и беа невооружени.

-Забрането е да се пука во оние кои го креваат белото знаме и бараат да се предадат. Тоа што е направено е прекршување на правилата за служба – рече Халеви, и додаде дека пукањето било извршено за време на борба и под стресни околности.

Семејствата на заложниците приведени во Појасот Газа во меѓувреме апелираа до Владата на Израел да ги прекине борбите и преговорите за нивно ослободување повеќе од два месеци од почетокот на војната со Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција во Тел Авив, пак, кажа дека вчерашното трагично убиство на тројцата израелски заложници од страна на ИДФ „го скрши моето срце, ги скрши срцата на нацијата“. Тој нагласува дека копнената операција на ИДФ ќе продолжи, а војната ќе трае се додека Хамас не биде уништен.

-Ние се бориме за нашето постоење и мораме да продолжиме до победата и покрај меѓународниот притисок и загубите што Израел ги трпи. Лекциите ќе ги научиме, но, не можеме да го вратиме часовникот назад – рече тој.

Melbourne
broken clouds
18.4 ° C
20.4 °
17.2 °
63 %
4.6kmh
75 %
Mon
18 °
Tue
16 °
Wed
17 °
Thu
17 °
Fri
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img