12.8 C
Skopje
22.4 C
Melbourne
четврток, 10 април, 2025
0
Дома Македонија Алијанса на Албанците го осуди упадот и нападот во М-НАВ: Скандалозен инцидент...

Алијанса на Албанците го осуди упадот и нападот во М-НАВ: Скандалозен инцидент од меѓународни размери

Алијанса за Албанците го осуди упадот и нападот на контролор во контролната кула на М-НАВ. Од партијата велат дека станува збор за инцидент од меѓународни размери.

Овој чин го загрози меѓународниот воздушен сообраќај и животите на стотици или илјадници патници кои би можеле да настрадат како резултат на овој инцидент. Ја поздравуваме реакцијата на обвинителството и барањето за притвор на осомничените и очекуваме правдата да донесе правична и заслужена пресуда, за ваквите дела да добијат соодветна казна и никогаш да не се повторат. Воедно бараме од одговорните органи да го зголемат степенот на безбедност во овие објекти и институции а да истражат и како напаѓачите, неовластено успеале да влезат во контролната кула, велат од Алијанса.

Претходно, декларативна осуда пристигна и од ДУИ чиј претседател на огранокот во Чаир ги отвори вратите за напаѓачите во М-НАВ. Осудата беше на линија со извршниот директор на Акционерското друштво во државна сопственост. Фахрудин Хамиди на прес-конференција рече дека во контролата соба имало „кошкање“ и оти станувало збор за „конфликт меѓу вработени кои се знаеле повеќе од 20 години“.

Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот. Инцидентот кој се обидува неправедно да ѝ се препише на ДУИ е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичко прашање, а уште помалку со ДУИ. Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.

Melbourne
clear sky
22.4 ° C
23.3 °
21.6 °
45 %
5.1kmh
0 %
чет
22 °
пет
21 °
саб
27 °
нед
30 °
пон
23 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img