18.8 C
Skopje
10.1 C
Melbourne
Saturday, 4 May, 2024
0
Дома Свет Палестинците во паника од најавите за израелска копнена офанзива на Рафах, ОН...

Палестинците во паника од најавите за израелска копнена офанзива на Рафах, ОН предупредува – нема повеќе каде да бегаат

Повеќе од 1,3 милион луѓе сега се сместени во шаторски град кој се простира речиси до египетската граница во Рафах, место кое е единствениот безбеден простор за Палестинците кои бегаат од северот и центарот на Газа

Додека Израел крои планови за за копнена офанзива на Рафах, како последен бастион на Хамас, Палестинците сè повеќе се во паника каде да избегаат и да се сокријат, со оглед дека градот на југ се граничи со Египет, а границата е затворена веќе со месеци.

Жителите се соочени со невозможен избор, да останат во градот и да ризикуваат да останат заробени во крвавата израелска копнена офанзива или да се обидат да побегнат од Рафах ризикувајќи ги своите животи за да избегаат во градовите уништени од бомбардирањата на Израел, каде што преостанатите жители се принудени да пијат нечиста вода и да јадат трева за да останат живи.

Повеќе од 1,3 милион луѓе сега се сместени во шаторски град кој се простира речиси до египетската граница во Рафах, место кое е единствениот безбеден простор за Палестинците кои бегаат од северот и центарот на Газа.

Шефот за помош на Обединетите нации, Мартин Грифитс, предупредува дека копнената офанзива би можела да резултира со многу жртви и да ги остави хуманитарните напори во Газа „на вратата на смртта“.

Сè поголем број земји и меѓународни организации сега се обидуваат да го убедат Израел да ја прекине својата планирана офанзива, при што ирскиот премиер Лео Варадкар ја обвини земјата дека е „заслепена од бес“.

Јужноафриканската влада поднесе итно барање до Меѓународниот суд на правдата да утврди дали поради продолжените воени дејствија на Израел во јужниот град на Газа треба да ја искористи својата моќ за да спречи натамошно кршење на правата на Палестинците во Газа.

Израел со недели го бомбардира Рафах со воздушни напади и вели дека е посветен на копнена офанзива бидејќи алтернативата е да му се предаде на Хамас и да жртвува 134 луѓе, изјави портпаролот на израелската војска, потполковник Питер Лернер за Си-ен-ен, посочувајќи на израелските заложници.

„Тоа не е опција од перспектива на Израел“, рече тој

Останува нејасно како и кога би се одвивала копнена офанзива, а таа неизвесност ја зголемува вознемиреноста кај Палестинците во Рафах за тоа каде да одат и што да прават.

Тој го повика Израел да ги слуша предупредувањата на меѓународната заедница за да нема последици од копнената инвазија посочувајќи дека ако повиците се игнорираат историјата нема да биде љубезна.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху минатата недела ја упати војската да планира евакуација на населението од Рафах откако рече дека израелските одбранбени сили наскоро ќе влезат во Рафах, последниот бастион на Хамас. Сепак, сè уште не е претставен планот за евакуација на владата.

Во соопштението на ОН се вели дека Палестинците во Рафах издржале незамисливо страдање откако беа во потрага по безбедно место криејќи се од бомби и чувајќи се од болести.

Melbourne
overcast clouds
10.1 ° C
12.6 °
7.4 °
84 %
3.6kmh
94 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
18 °
Mon
19 °
Tue
19 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img