23.8 C
Skopje
13.7 C
Melbourne
Sunday, 5 May, 2024
0
Дома Македонија ВМРО- ДПМНЕ: На Македонија конечно и треба претседател кој ќе се грижи...

ВМРО- ДПМНЕ: На Македонија конечно и треба претседател кој ќе се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата

Претседател кој ќе ги штити интересите на државата, а не нем набљудувач. Македонија има потреба од човек кој ќе го брани суверенитетот, ќе се грижи за одбраната и ќе застане рамо до рамо со граѓаните – ова се главните пораки до идниот претседател на државата од говорниците на панел- дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ  Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“

Изминатите пет години, на чело на државата е човек кој наместо да презема конкретни чекори беше само аналитичар кој често менува ставови, критикува потпретседателот на партијата Александар Николоски:

Се работи за најбезличниот човек кој што седнал таму. Пет години ќе му останат запаметени по ништо. Веројатно сличен на него е само доскорешниот премиер Димитар Ковачевски кој што месец дена не е премиер, а луѓето не се сеќаваат дека воопшто бил премиер. Така нешто ќе биде и со Стево Пендаровски. Овие пет години освен за аналитички ставови кои што се менуваа како што дуваше ветрот, односно како ќе му јавеа од СДС и од ДУИ, не може да се запамети по ништо друго, порача Николоски.

Николоски предупреди дека сериозна задача на следниот претседател ќе биде да истражи како била злоупотребувана Агенцијата за разузнавање, меѓудругото, и за следење на раководството на ВМРО –ДПМНЕ:

Агенцијата го крши и законот за својата работа и сериозно по 12-ти мај ќе се испита како се злоупотребувала работата на Агенцијата, не е прв пат да кажам дека се злоупотребува да се следат членовите на ВМРО – ДПМНЕ, така што за ова одговорност ќе има , вели Николоски.

Николоски предупреди дека Стево Пендаровски зад својата кариера оставил бројни неисполнети ветувања- Се уште вели не се знае дали и каде ја донирал неговата покачена плата, а ќе се запамети и неговата изјава дека знаел уште во ноември оти се спрема напад на Украина.

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е многу важно идниот претседател да ја зајакне дипломатијата и да ги зачува традиционалните и државнички интереси

Кандидатот единствено што треба да направи е да не ги продолжи практиките, бидејќи сметам дека Македонија имаше претседател мумија, порача Давина Стојаноска.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април 2024 година, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори. Најголемата битка за претседателското столче најверојатно ќе се води помеѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска Давкова. Потребните потписи до сега ги собраа Бујар Османи, Арбен Таравари Максим Димитриевски, Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски.

Melbourne
few clouds
13.7 ° C
14.9 °
12.3 °
84 %
3.6kmh
20 %
Sun
13 °
Mon
19 °
Tue
16 °
Wed
17 °
Thu
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img