18.8 C
Skopje
14.3 C
Melbourne
Saturday, 27 April, 2024
0
Дома Македонија Мицкоски на средба со бордот на директори на „Македонија 2025“: Програмата на...

Мицкоски на средба со бордот на директори на „Македонија 2025“: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди повисок стандард и иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, членот на Извршниот комитет Маја Кадиевска Војновиќ и Зоран Ставревски остварија средба со бордот на директори на „Македонија 2025“.

На средбата се разговараше за искористување на економските потенцијали и потребата за поддршка на приватниот сектор и иницијативи што ќе придонесат до забрзан економски раст, се вели во партиското соопштние.

Беа споменати фундаментите кои ќе бидат програмска заложба на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како што се поддршката на претприемништвото, иновациите и дигитализацијата која треба да доведе до шанса и напредок на младите и фаќање чекор со модерните европски и светски трендови.

Од страна на Мицкоски беше посочено дека програмата која ќе ја понуди ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реална и остварлива платформа врз која ќе се креира идниот напредок на државата и ќе треба да обезбеди повисок стандард и иднина за сите граѓани, се истакнува во соопштението.

Melbourne
overcast clouds
14.3 ° C
14.3 °
14.3 °
64 %
1.9kmh
98 %
Sat
14 °
Sun
21 °
Mon
14 °
Tue
15 °
Wed
15 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img