18.8 C
Skopje
14.3 C
Melbourne
Saturday, 27 April, 2024
0
Дома Свет Палестинскиот претседател назначи нов премиер, претходниот поднесе оставка

Палестинскиот претседател назначи нов премиер, претходниот поднесе оставка

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер на Палестинската управа, објави денеска палестинската државна новинска агенција ВАФА. Назначувањето на Мустафа доаѓа по зголемениот притисок за реформирање на управното тело на окупираните палестински територии и подобрување на неговото владеење на окупираниот Западен Брег.

Новиот премиер е назначен да ја води хуманитарната помош и реконструкцијата на Појасот Газа, да ги реформира институциите на палестинската управа, додаде ВАФА. Мустафа е замена за премиерот Мохамед Штајах, кој поднесе оставка во февруари заедно со остатокот од владата.

Палестинската управа, во која доминираше политичката партија Фатах, имаше административна контрола над Газа до 2007 година, кога Хамас победи на општите избори во окупираните територии и ја протера од Појасот Газа. Оттогаш, Хамас владее со Газа, додека Палестинската управа владее со делови од Западниот Брег под израелска окупација.

Melbourne
overcast clouds
14.3 ° C
14.3 °
14.3 °
64 %
1.9kmh
98 %
Sat
14 °
Sun
21 °
Mon
14 °
Tue
15 °
Wed
15 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img