13.8 C
Skopje
15.5 C
Melbourne
Saturday, 27 April, 2024
0
Дома Свет Mинистер за правда во Естонија си поднесе оставка откако се дозна дека...

Mинистер за правда во Естонија си поднесе оставка откако се дозна дека изнајмил стан од својот посинок со народни пари

Западните медиуми јавуваат дека естонскиот министер за правда Кале Ланет одлучил да поднесе оставка откако тој бил вмешан во корупциски скандал поврзан со изнајмување стан од неговиот посинок. Како што пренесуваат медиумите тој изјавил дека по средбата со премиерката Каја Калас одлучил да не остане на функцијата министер за правда „за да обезбеди правна јасност и мир во работата во владата“, објави естонската државна телевизија ЕРР.

„Втората причина за мојата оставка е тоа што моите најблиски се на удар на јавноста, иако не го заслужија тоа“, рече Ланет.

Естонските медиуми претходно објавија дека Кале Ланет како министер за правда, а претходно како министер за одбрана изнајмил стан во Талин од својот посинок со народни пари.

За двата министерски мандати државата му плаќала сметки за кирија од над 12.000 евра.

Според шефот на антикорупциското биро на Централната криминалистичка полиција, Ајвар Сеп, Ланет го прекршил антикорупцискиот закон.

Минатата недела во јавноста протекоа информации за кавгата на Ланет со естонскиот јавен обвинител Андрес Пармас, кој го обвини министерот за мешање во работата на обвинителството и притисок врз главниот обвинител во обид да го принуди да ја напушти функцијата.

Melbourne
broken clouds
15.5 ° C
17.1 °
14.5 °
65 %
5.1kmh
75 %
Sat
15 °
Sun
21 °
Mon
14 °
Tue
15 °
Wed
15 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img