18.8 C
Skopje
14.3 C
Melbourne
Saturday, 27 April, 2024
0
Дома Македонија Денеска е Прочка, празник на кој меѓусебно си простуваме

Денеска е Прочка, празник на кој меѓусебно си простуваме

Празникот Прочка, или Велики поклади е ден во православното христијанство кога верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на велигденскиот пост. Датумот на Прочка се менува зависно од датумот на Велигден, но секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.

Прочка е манифест на искрената и пожртвувана љубов кон блиските, кој треба да го следи примерот за благосостојба, примирје и прошка помеѓу луѓето.

Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Проштевањето е резулататот на љубовта кон најблиските. Тоа е израз на љубовта, а љубовта „сè извинува“ (1. Кор. 13,7). Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него, бидејќи „Бог е љубов“ (1. Јов. 4,8). Проштевањето е духовен пост, којшто треба да му претходи на телесниот пост. Духовниот треба да биде пред телесниот, како што е душата пред телото.

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој обично завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

На тој ден е дозволено внесување на мрсна храна, пити, колачи и алкохол. Тоа е денот кога треба да бараме прошка и да се помириме со сите со кои сме се скарале, па затоа ги нарекуваат и „Проштени поклади“.

Денот пак, по Прочка се вика „Чист понеделник“ кога започнува големиот велигденски пост. Тој го означува и крајот на зимските, и почетокот на пролетните празници.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Најпознатиот настан за Велики поклади во Македонија е Струмичкиот карневал или Тримери кој е влезен и во Светскиот календар на карневалите и во последните години стана голема туристичка атракција.

Melbourne
overcast clouds
14.3 ° C
14.3 °
14.3 °
64 %
1.9kmh
98 %
Sat
14 °
Sun
21 °
Mon
14 °
Tue
15 °
Wed
15 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img