20.8 C
Skopje
11.3 C
Melbourne
Thursday, 2 May, 2024
0
Дома Македонија Села ги доби печатите на Алијанса со одлука на тетовскиот суд, Таравари...

Села ги доби печатите на Алијанса со одлука на тетовскиот суд, Таравари најавува жалба

Зијадин Села е повторно претседател на Алијанса за Албанците – во официјално соопштение од партијата, попладнево соопштија дека тетовскиот суд одлучил Села да ги добие партиски печати, со што Таравари излегува од игра. Села за Сител потврди дека адвокатот му соопштил дека го добиле спорот, а за утре на прес конференција најави повеќе детали.

Но Таравари на телефон не може да се добие, но затоа на статус на Фејсбук напиша дека ќе се жали на судската одлука.

– Велат дека ги добиле печатите за да ги дадат на ДУИ… Дури и да е вистина ќе се жалиме, но и да ги земат со помош на заробениот систем кој го имаат, јас имам прашање… а што со граѓаните? Нема надеж, неможете да ги победите граѓаните со ниту еден суд! Промената почна и нема печат кој може да ја запре, сподели Таравари.

Неговиот адвокат пак, за ТВ 21 кажа дека немаат добиено официјално решение од судот, не се одржала седница, а ако имало одлука тогаш таа е донесена без рочиште. Потсети дека за овој предмет се смениле четворица судии.

Но што ќе значи ова за партијата? Дел од аналитичарите сметаат дека правната битка не е завшршена, но дека повторното доаѓање на Села на претседателското место ќе има влијание врз членството.

Нејаснотиите за финансирањето на партијата, логото на Алијанса на пратеничките листи, но и дали Таравари би направил нова партија, ќе се разјаснат по првиот кург на изборите.

Расколот дојде откако Таравари и неговото крило решија да се придружат на коалицијата „Вреди“ составена од албанската опозиција, додека Села, отиде со ДУИ и Али Ахмети.

Melbourne
clear sky
11.3 ° C
13.7 °
8.5 °
81 %
3.6kmh
0 %
Thu
13 °
Fri
17 °
Sat
16 °
Sun
17 °
Mon
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img