6.8 C
Skopje
18.2 C
Melbourne
петок, 31 јануари, 2025
0
Дома Свет Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот го нарече „трагичен инцидент“ убиството на седумте членови на хуманитарната организација World Central Kitchen (WCK), странски државјани убиени во напад на израелската армија.

„За жал, вчера се случи трагичен инцидент. Нашите сили ненамерно погодија невини луѓе во Појасот Газа“, рече израелскиот премиер во видео пораката.

„Тоа се случува во војна. Ние темелно го истражуваме тоа, ние сме во контакт со владите (на странците кои загинаа) и ќе направиме се за да спречиме тоа да се повтори“, додаде Нетанјаху.

И портпаролот на израелската армија Даниел Хагари најави отворање на темелна истрага за инцидентот, велејќи дека WCK игра „клучна улога во обезбедувањето храна на луѓето на кои им е потребна“ и дека израелската армија е „професионална армија посветена на меѓународните закони. “

Melbourne
scattered clouds
18.2 ° C
18.7 °
17.5 °
70 %
3.6kmh
40 %
пет
23 °
саб
26 °
нед
35 °
пон
33 °
вто
35 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img