Стево Пендаровски ќе тужел! До сега на суд сум бил по тужби за клевета од Ивица Коневски и од Александар Василевски Нинџа. Мислам дека Стево е супер кандидат за ова друштво. Инаку, и двајцата изгубија, објави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на својот протил на Фејсбук.
Денеска по прес-конференцијата на Стоилковски дека Пендаровски е на тапет за изборна манипулација, кандидатот за претседател ѝ се закани на ВМРО-ДПМНЕ со тужба.
„Ќе изгуби и Стево. И на суд и на избори. Веројатно и ова заканата му е совет од консултантот мешетар, но како вратка кон него за тоа што Стево го издаде дека имале заедничка средба во партијата“, напиша Стоилковски на Фејсбук.