8.8 C
Skopje
13.3 C
Melbourne
петок, 31 јануари, 2025
0
Дома Популарно Екс хрвартски амбасадор во Русија: Украина во 2022 под притисок на Западот...

Екс хрвартски амбасадор во Русија: Украина во 2022 под притисок на Западот се откажа од мирот

Екс хрватскиот амбасадор во Москва и политички аналитичар Божо Ковачевиќ за РТЛ го коментираа наводниот предлог на Владимир Путин за прекин на огнот во Украина, кој денеска го објави Ројтерс, повикувајќи се на извори блиски до рускиот државен врв.

Според овој план, војната би застанала на сегашните линии на фронтот.

Ковачевиќ вели дека ова не е првпат руски претставници да понудат преговори и крај на војната во Украина. „Овој пат, во различни пораки, пренесени тајно, не се споменуваат условите што Русија секогаш ги поставувала досега. Тоа беа три услови: денацификација, демилитаризација и неутрален статус на Украина. Но, останува условот од кој Русија најверојатно нема намера да се откаже, а тоа е дека анектираните територии на Украина остануваат под руска власт“, ​​рече тој.

Клучното прашање е дали претседателот Зеленски конечно може да се согласи на ова за да спречи натамошни жртви, објасни Божо Ковачевиќ.

„Ова е притисок Зеленски да почне да преговара со Русите“

„Знаеме дека по преговорите во Истанбул во 2022 година, Украина предложи мировен договор со кој Русија се согласи, но под притисок на Западот, Украина се откажа од сопственото барање, а потоа претседателот Зеленски донесе одлука да забрани какви било преговори со Русија. Фактот што сега на Запад објавуваат индиции за можна руска подготвеност да стави крај на војната, покажува дека во политичките кругови на Запад и во јавноста полека созрева свеста дека војната во Украина, доколку ниту една од страните не попушти, ќе трае многу долго време.

Исто така, постои зголемена загриженост поради зголеменото незадоволство и на американската и на европската јавност кон континуираната помош за Украина, без која Украина не може успешно да се спротивстави на Русија. Фактот што Ројтерс ја објави оваа вест може да се толкува како притисок врз политичките елити на Западот да му дозволат на претседателот Зеленски да преговара со Русите“, додава Ковачевиќ.

Сепак, вели дека е тешко да се каже дали ова е одлучувачки момент.

„Знаеме дека САД и колективниот Запад подготвуваат меѓународна конференција во Швајцарија, а не ја поканија Русија да учествува. Руските пораки се јасни. Ниту една конференција за Украина на која Русија не учествува не може да даде задоволителни резултати. Руската страна пласира дека е подготвена за преговори, и може да значи дека Русија пред почетокот на таа конференција треба да покаже дека е подготвена за договор и особено би била задоволна доколку се постигне мировен договор пред конференцијата, но тоа е сосема малку веројатно“, заклучи Божо Ковачевиќ.

Melbourne
clear sky
13.3 ° C
14.5 °
11.8 °
80 %
3.6kmh
4 %
чет
15 °
пет
23 °
саб
26 °
нед
35 °
пон
33 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img