8.8 C
Skopje
20.8 C
Melbourne
четврток, 30 јануари, 2025
0
Дома Свет Гир: Реформскиот процес е неопходен за приклучување кон ЕУ

Гир: Реформскиот процес е неопходен за приклучување кон ЕУ

Евроамбасадорот Дејвид Гир верува дека интересот на Македонија е да продолжи по патот на Европската Унија и најави дека тие се подготвени да соработуваат со идната влада и сите кои го поддржуваат реформскиот процес.

„Мојата порака би била и до владата и, всушност, до целата земја. Верувам дека интересот на оваа земја е да продолжи по патот кон Европската Унија. Ние во Европската Унија сме подготвени да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес, што е неопходен за приклучување кон Европската Унија, и ќе направиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на оваа земја да напредува на патот кон ЕУ“, изјави Гир.

Тоа е задача, додаде евроамбасадорот, која пред сè ќе биде за владата, но не само за неа туку, рече, ќе биде потребна поддршка и од  сите клучни актери од целиот политички спектар.

„Со други зборови, проширувањето треба да биде национален проект кој ќе ги обедини сите да работат на реформите, да ги спроведуваат неопходните мерки, со цел да се приклучат кон Европската Унија што е можно поскоро“, истакна Гир во изјава пред отворањето на изложбата „Обединети во различноста“ по повод 20 години од најголемото проширување на Европската Унија. 

Melbourne
few clouds
20.8 ° C
21.9 °
20.2 °
56 %
7.2kmh
20 %
чет
20 °
пет
23 °
саб
26 °
нед
36 °
пон
36 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img