Портпаролот на Хамас Абу Обеид изјави дека животите на преостанатите заложници кои ги држи оваа милитантна организација се во опасност, по израелската операција во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа, во која беа спасени четворица затвореници, а 210 Палестинци се убиени.
„Операцијата ќе претставува голема опасност за непријателските затвореници и негативно ќе влијае на нивните услови и животи“, рече тој, според Тајмс оф Израел.
Портпаролот на вооружената бригада Ал Касам на Хамас, Абу Убајда, претходно објави дека за време на израелскиот напад на Нусејрат биле убиени неколку заложници.
Претходно денеска, во израелското бомбардирање на кампот Нусејрат загинаа 210 лица, а беа повредени околу 400 луѓе, според палестинските власти во енклавата.
Израелските сили истовремено ослободија четворица заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври од музичкиот фестивал Супернова.