Во Мелбурн свечено одбележување на 121-та годишнина од Илинденското востание и 80 години АСНОМ во организација на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија.
„Почитувани присутни денес одбележуваме – 121 година од Илинденското Востание и 80 години од АСНОМ Востание на еден мал народ за својата голема слобода, загушено во крв и солзи, но и никогаш незгаснати надежи.“
И како што запиша Прличев во “Сердарот”, обичниот Македонец се прашува: “… Дали ќе биде празник, и каде ќе биде, и кој ќе го слави?!”.
Оти времето врви и врви, а нашите соседи по стариот добар обичај, и со АМИН од квинслишката влади, како онаа на Зоран Заев, веќе длабоко навлегоја во програми, одлуки и договори за одбележување на Илинденското востание од златното минато на Македонија.
Да не ни се случува “Сердаровата” антитеза како со Талат Џафери кога зборуваше на Мечкин Камен а бугарскиот премиер Бојко Борисов зборуваше во Скопје, а тоа беше: “Нит беше празник, нит се знае кој го славеше”!
Македонскиот народ сигурно своето ќе си го направи во најубав ред и со најубав адет, исто онака како што пред точно 121 год тргна да ја ослободува Македонија.
А, празниците како „ Илинденското востание” се многу ретки. Во умни и здрави земји, со истории и традиции, овие настани се дочекуваат и слават како “велигденски јајца” за Велигден, за нив континуирано се зборува, организирано се приоѓа и маестрално се слави.
Кај нас Илинден и АСНОМ е толку далеку, ми се чини, како никогаш досега не биле подалеку и позапоставени како национални празници на Македонскиот народ?!
Сакам новата влада на Македонија на чело со премиерот Христијан Мицковски и претседателката Гордана Силјановска Давкова да го вратат на свое место значењето на Илинден 1903-та и АСНОМ 1944-та.
Сакаме нашата татковина Македонија да се занимава со Македонските работи, како што рекол Мисирков, а не со обврските на предавничкиот Преспански Договор со Грција, Добрососедскиот договор со Бугарија, Законот за двојазичност и незаситените барања на албанскиот политички блок, но мора таа држава и тој врв да ни каже на сите, ќе ја славиме историјата на Македонскиот народ или ќе ја славиме Заевата историја?
По сите правила и закони не може и не смее ништо да има поголеми приоритети од прославата на Илинденското востание, но Илинденското востание и паднатите борци се заборавени а главни обврски на предавничката блада на Заев се Охридскиот договор, Тиранската платформа, Договорот со Бугарија и Договорот со Грција.
Македонскиот народ во Македонија е збунет, а збунети сме и ние: молчи Претседателот на државата, молчи Владата, молчат институциите, но весели се во Бугарија, Грција, Албанија и Србија… За жал, ние сме народ подложен да ни се фрла “пепел в очи”, мудриот Черчил ќе речи: формирале нешто за да не се – одбележи!
Неминовно се наметнува прашањето: кој ќе ги одбележи 121-те години Илинден и каде? Можеби Грците во Солун, можеби Бугарите во Софија, можеби Србите во Белград, а не е чудно и Албанците во Тирана!
Едно е сигурно, Македонците од Австралија никогаш нема да го понижат Илинденското востание и АСНОМ. Заменик секретар на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија Ицо Најдовски Перин.