„Тимот му изрази внимателен оптимизам на премиерот во врска со можноста договорот да напредува врз основа на последниот американски предлог (кој се заснова на предлогот од 27 мај)“, се наведува во соопштението.
Преговарачкиот тим на Израел изрази „внимателен оптимизам“ за можноста за напредок во договорот за Газа и за заложниците, се вели во соопштението објавено од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Тимот му изрази внимателен оптимизам на премиерот во врска со можноста договорот да напредува врз основа на последниот американски предлог (кој се заснова на предлогот од 27 мај)“, се наведува во соопштението.
Кабинетот на премиерот додаде дека се надева оти големиот притисок врз палестинската милитантна група Хамас од страна на САД и меѓународните посредници ќе го отстрани противењето на американскиот предлог и дека ќе биде постигнат напредок на патот кон договор.
Палестинскиот Хамас во саботата го отфрли новиот, ревидиран нацрт на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, наведувајќи дека тој е постигнат под „американски диктат“.