14.8 C
Skopje
17 C
Melbourne
петок, 31 јануари, 2025
0
Дома Македонија СДСМ: Бегството на Рамадани, договор со Мицкоски? – Мицкоски: СДСМ бара одговорност...

СДСМ: Бегството на Рамадани, договор со Мицкоски? – Мицкоски: СДСМ бара одговорност поради страв од Тошковски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека СДСМ се плаши од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заради стравот од одговорност кој се најавува за оваа есен и затоа бараат од него оставка. Тој ова го изјави откако од опозициската СДСМ побараа Тошковски да си поднесе оставка поради случајот со бегството на Блерим Рамадани. Тошковски професионално ја врши работата и јас го охрабрувам да продолжи така, рече Мицкоски.

-Они веќе добиваат информации за тоа што ќе следи оваа есен и се исплашени од Тошковски и има причина зошто да се плашат и да бидам искрен и јас да би бил на нивно место би бил исплашен бидејќи тие знаат што правеле овие 7 години. Јас го повикав Обвинителството веднаш да влезе и да истражи и да излезе во јавноста да нема вака растурање пердуви па сега ние да добиваме прашања па еве сега вака било, така било, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Но од СДСМ и натаму бараат одговорност. Велат, не се работи за бегство на Блерим Рамадани, туку тој бил ослободен и организирано пренесен преку граница на Косово од функционери на МВР и други институции.

-Сите индиции укажуваат дека реализацијата на оваа партиско полициска шема за пуштање на Рамадани на Косово е политички договор кој Мицкоски морал да го исполни. Доколку не се спроведе целосна, темелна и независна истрага, ќе биде јасно дека и власта и обвинителството решиле да го штитат МВР и Тошковски од одговорност, да ги штитат сите останати инволвирани во овој случај, со се нарачателите и наредбодавачите. Министерот Тошковски треба да поднесе оставка и да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово, почнувајќи од Наим Рамука, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

По една недела од бегството на Рамадани, Врховниот суд во четвртокот го укина решението на Кривичниот суд кој утврди дека не се исполнети законските претпоставки за негова екстрадиција. По ова предметот се враќа на повторно одлучување.

Melbourne
overcast clouds
17 ° C
18.1 °
15.8 °
71 %
5.7kmh
100 %
чет
17 °
пет
23 °
саб
26 °
нед
37 °
пон
36 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img