14.8 C
Skopje
17 C
Melbourne
петок, 31 јануари, 2025
0
Дома Македонија Мицкоски: Платите мора да растат – Опозицијата критикува, власта ги излажа граѓаните...

Мицкоски: Платите мора да растат – Опозицијата критикува, власта ги излажа граѓаните за зголемување на платите

Премиерот Мицкоски најави дека платите мора да растат но и да имаат своја вредност, односно секој месец граѓаните да имаат можност да купат повеќе. Тој ова го изјави откако деновиве од опозициската СДСМ обвинија дека Владата ги излажала работниците и со тоа што не го исполнила предизборното ветување за зголемување на платите но и барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата.

-Прво мора сите да знаеме дека платите мора да растат и платите мора да имаат вредност, односно да бидам попрецизен ние се ќе сториме како Влада платите да растат но и да имаат вредност да нема инфлација. Тоа што ќе можете да го купите со вашата плата оваа година да можете повеќе да купите следната година истиот месец. Тоа е нашата цел. Од друга страна тоа што го прави СДСМ е обид да манипулира, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска во интервју за Сител рече дека ВМРО-ДПМНЕ не го исполнила предизборното ветување и ги излажала работниците со тоа што нема да има покачување на платите, ниту зголемување на минималната плата.

-Останаа излажани и работниците дека ќе ја зголемат минималната плата, дека ќе има раст на платите. Ниту на администрација, ниту за образование, ниту за здравство немаа покачување на платите во ребалансот. Во текот на целата кампања зборуваа дека ќе ги намалат функционерските плати и ние бевме критикувани за време на владеењето на СДСМ дека тие да беа ќе ги намалеа функционерските плати, па ете сега се власт. И сега велат нема да ги намалиме, министерката вели ќе си одам јас од Влада ако се намалат функционерските плати затоа што јас во приватниот сектор земам повеќе, изјави Јована Тренчевска од СДСМ.

Претседателот на синдикатот Слободан Трендафилов деновиве ја повика Владата да го исполни своето ветување во првите 100 дена од власта да седне со ССМ да разговара за зголемувањето на минималната плата.

Melbourne
overcast clouds
17 ° C
18.1 °
15.8 °
71 %
5.7kmh
100 %
чет
17 °
пет
23 °
саб
26 °
нед
37 °
пон
36 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img