13.8 C
Skopje
14.7 C
Melbourne
сабота, 21 септември, 2024
0
Дома Македонија Муцунски: Силни пријателски односи и недвосмислена поддршка од Унгарија на патот кон...

Муцунски: Силни пријателски односи и недвосмислена поддршка од Унгарија на патот кон ЕУ

Во рамки на мојата работна посета на Будимпешта, остварив работна средба со мојот унгарски колега и пријател – Министерот за надворешни работи и трговија, Петар Сијарто.

Заедно ја нагласивме важноста на пријателство меѓу нашите земји изградено на меѓусебна доверба и поддршка, како во мултилатералните односи, така и во економската соработка, која ќе продолжиме да ја развиваме и продлабочуваме во иднина, со посебен акцент на поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции.

Се заблагодарив за целокупната поддршка од Унгарија, вклучително и неодамнешниот заем за нашата држава, како помошта и при справување со пожарите. Го информирав министерот Сијарто за новите надлежности на министерството, структурирано слично на унгарското министерството со кое тој раководи.

Од негова страна беше изразена недвосмислена поддршка за нашите евроинтеграции, истакнувајќи дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе донесе нова енергија во Унијата. Тој нагласи дека Унгарија ќе продолжи да го поддржува нашето забрзано интегрирање, особено за време на унгарското претседавање со ЕУ, но и во иднина, објави на ФБ министерот за надворешни работи и надворешна трговија , Тимчо Муцунски.

Melbourne
broken clouds
14.7 ° C
16.4 °
13.3 °
63 %
7.2kmh
75 %
саб
16 °
нед
17 °
пон
19 °
вто
20 °
сре
13 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img