Сенаторот Џим Риш, рангиран член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека Украина треба да има овластување да напаѓа цели длабоко во Русија, вклучително и активни руски бомбардери кои лансираат ракети против украинските градови.
Американските политичари му возвратија на Владимир Путин откако рускиот лидер рече дека ако НАТО потенцијално ги укине на ограничувањата на Украина да започне напади со долг дострел во Русија, тоа ќе значи дека земјите на НАТО се „во војна“ со Русија, објави британски Гардијан.
Премиерот, Кир Стармер, се состана со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа каде што се очекува двајцата да разговараат – иако не мора да објават – за олабавување на ограничувањата за ракетите „Сторм шедоу“, што ќе му овозможи на Киев да напаѓа цели до 250 километри внатре во Русија, пресметано од границата со Украина.
– Тоа ќе значи дека земјите на НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. И ако е така, тогаш, имајќи ја предвид промената во суштината на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки како одговор на заканите – изјави Путин во четвртокот.
Ракетите се произведени во Обединетото Кралство и во Франција, а и се чини дека двете земји бараат зелено светло од Бајден да ги олабави ограничувањата за употребата на ракетите со долг дострел. Служебните лица на Вашингтон укажаа дека САД не планираат да дозволат употреба на сопствени проектили за напаѓаање цели подлабоко во Русија.
Вашингтон и Лондон посочија дека не планираат да објават промена во политиката. Амбасадорот на Москва во ОН во петокот, пред Советот за безбедност, изјави дека олабавувањето на ограничувањата ќе означи ескалација на „директна војна“ меѓу Москва и НАТО.
Забелешките предизвикаа лут одговор во Вашингтон, каде официјални лица го обвинија Путин за закани со цел да ги исплаши земјите од НАТО да не ја поддржуваат Украина.
Сенаторот Џим Риш, рангиран член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека Украина треба да има овластување да напаѓа цели длабоко во Русија, вклучително и активни руски бомбардери кои лансираат ракети против украинските градови.
– Последните закани на Путин за директна конфронтација со НАТО се едноставно обид да се принуди Западот да ја прекине поддршката за Украина. Тој знае дека ударите со долг дострел од Украина би предизвикале значителна штета на неговите воени напори. Неколку руски ракети паднаа на територијата на НАТО и НАТО не ескалира. На Украина мора да ѝ се дозволи да се брани, точка. Ако тоа значи да се погоди руски бомбардер кој лансира ракети кон украинските цивили од рускиот воздушен простор, тогаш Украина треба да може да го преземе тој истрел – рече Риш.
Говорејќи со новинарите во петокот, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека најверојатно нема да има најави за укинување на ограничувањата за употребата на руските и британските ракети од страна на Украина во Украина.
Но, во исто време, тој рече дека САД и нивните сојузници во НАТО имаат „нивна пресметка за она што ќе решат да ѝ го обезбедат на Украина“.
– Никогаш не реков дека не ги сфаќаме сериозно заканите на Путин. Кога тој почнува да мавта со нуклеарниот меч, на пример, да, ние го сфаќаме тоа сериозно. Постојано го следиме. Очигледно покажа дека е способен за агресија. Очигледно докажа дека е способен за ескалација… Но, тоа не е нешто што досега не сме го слушнале. Затоа го забележуваме. Сфативме – рече Кирби.
Бајден и Стармер се среќаваат вторпат во Белата куќа по минатомесечниот самит на НАТО кој се одржа само неколку дена откако лабуристите победија на општите избори во Велика Британија и повторно ја презедоа власта по 14 години опозиција.
Двајцата лидери се очекува да разговараат за многу теми од надворешната политика, вклучително и за Украина, конфликтот на Блискиот Исток и многу повеќе.
Украинскиот лидер, Володимир Зеленски, се очекува да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден на Генералното собрание на ОН подоцна овој месец. Расте притисокот врз Украина во пресрет на претседателските избори во САД кои би можеле да го вратат Доналд Трамп на власт.
Додека жестоките дискусии за иднината на војната се одвиваат зад затворени врати, Вашингтон и неговите сојузници продолжија да ветуваат дека ќе застанат зад Украина во војната.
– Ќе направиме сè што можеме за Украина да го има она што и треба да се брани – рече во петокот портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.