22.8 C
Skopje
12.9 C
Melbourne
Sunday, 19 May, 2024
0
Дома Популарно Посветени сме на зајакнување на односите со САД, рече филипинскиот претседател на...

Посветени сме на зајакнување на односите со САД, рече филипинскиот претседател на средбата со Бајден

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор рече дека неговата средба со американскиот претседател Џо Бајден денес била суштинска за унапредување на националниот интерес на неговата земја и зајакнување на „многу важен сојуз“ меѓу Манила и Вашингтон.

Пред да замине во својата четиридневна официјална посета на Вашингтон, Маркос вчера рече дека ќе му ја пренесе на Бајден неговата решеност да создаде „уште посилни односи“ со САД за „да се одговори на грижите на нашето време“, вклучително и прашања поврзани со економијата.

„За време на оваа посета, ќе ја потврдиме нашата посветеност за поттикнување на нашиот долгогодишен сојуз како инструмент на мирот и како катализатор на развојот во регионот, а со тоа и на остатокот од светот“, рече Маркос, син на покојниот моќник кому Вашингтон му помогна да побегне во егзил на Хаваи за време на бунтот на „народната моќ“ во 1986 година.

Официјалната посета на Маркос на Вашингтон е прва на филипински претседател по повеќе од 10 години и последна во серијата состаноци на високо ниво што Филипините ги одржаа со лидерите на САД и Кина, кои се борат за стратешка предност во регионот.

Melbourne
overcast clouds
12.9 ° C
13.8 °
11.4 °
83 %
3.1kmh
100 %
Sun
12 °
Mon
15 °
Tue
13 °
Wed
14 °
Thu
14 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img