7.8 C
Skopje
14.3 C
Melbourne
среда, 4 декември, 2024
0
Дома Свет Каде ќе летаат сега руските ракети поради нападот на Кремљ

Каде ќе летаат сега руските ракети поради нападот на Кремљ

Белата куќа негира вмешаност во нападот, ЕУ е загрижена и ја повикува Москва „да не го користи нападот за ескалација на конфликтот“, а Москва вели дека одговорните за нападот врз Кремљ ќе бидат „строго казнети“.

„Не можете да ја нападнете Москва во пресрет на Победата над нацистите и да очекувате тоа да остане без одговор. Украинскиот претседател Володимир Зеленски направи страшна грешка поради нападот со беспилотно летало врз Кремљ, смета поранешниот соработник на ЦИА, Лери Џонсон, и напоменува дека овој напад дополнително ќе ги обедини Русите.

Според него, нападот врз Кремљ ќе има сериозни последици за Киев, бидејќи руското општество целосно ќе се обедини против заедничкиот непријател, слично како што се обединија Американците по нападите на 11 септември.

„Последниот пат кога нацистите направија вакво нешто, Советскиот Сојуз успеа да ги спречи. Украинците направија страшна грешка со организирањето на овој напад“, изјави Џонсон во интервју за каналот на Јутјуб „Judging Freedom“.

САД стојат зад нападот на Кремљ, објави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател и изјави дека Вашингтон избрал цели за Киев.

„Обидите во Киев и Вашингтон да се дистанцираат од тоа се апсолутно смешни. Добро знаеме дека одлуките за вакви акции и такви терористички напади не се носат во Киев, туку во Вашингтон. И Киев го прави она што му е кажано“, изјави Песков за новинарите.

Од друга страна, Белата куќа негира дека стои зад нападот врз Кремљ.Тврдењата на руските власти дека САД стојат и зад нападот со беспилотно летало врз Кремљ се лажни“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

„САД не ја охрабруваат ниту овозможуваат Украина да нападне надвор од нејзините граници“, рече Кирби.

„Европската унија ја повикува Русија да не го користи нападот врз Кремљ за ескалација на украинскиот конфликт“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Ја повикуваме Русија да не го користи овој таканаречен напад како изговор за понатамошна ескалација на конфликтот“, рече Борел во пресрет на состанокот на Советот за развој на ЕУ.

Во меѓувреме Москва вели дека одговорните за нападот на Кремљ ќе бидат пронајдени, дека ќе се соочат со неизбежна и остра казна.

Ваквите злосторства не треба да останат без одговор. Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за дејствија насочени кон заплашување на населението, предизвикување штета и предизвикување смрт на луѓе со цел да се влијае врз одлучувањето на властите. Сигурни сме дека сите виновници ќе бидат пронајдени. Ги очекува сурова и неизбежна казна“, се нагласува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Melbourne
scattered clouds
14.3 ° C
15 °
12.2 °
70 %
0.5kmh
28 %
вто
15 °
сре
22 °
чет
30 °
пет
31 °
саб
27 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img