9.8 C
Skopje
20.4 C
Melbourne
Tuesday, 19 March, 2024
0
Дома Свет Познати достоинственици во Лондон: Кој присуствуваше на крунисувањето

Познати достоинственици во Лондон: Кој присуствуваше на крунисувањето

На крунисувањето на кралот Чарлс III и кралицата Камила во Вестминстерската опатија присуствуваа членови на кралски семејства од целиот свет, меѓународни лидери, познати личности, верски…

Членовите на кралското семејство беа во центарот на церемонијата, како принцот и принцезата од Велс. По нив следеа нивните деца принцезата Шарлот и принцот Луис, кои седеа во првиот ред, пишува Би-Би-Си.

Принцезите Кетрин и Шарлот носеа слични фустани на Александар Меквин, со слични детали на главата.

Нивниот најстар син Џорџ стоеше зад својот дедо и му помагал со наметката.

Војводата од Сасекс присуствуваше на крунисувањето, заедно со неговите братучеди, принцезата Беатрис и принцезата Евгенија. Неговата сопруга Меган остана во Калифорнија со нивните деца – Лилибет и Арчи, кои денеска наполнија четири години.

Меѓу гостите беше и српскиот принц Александар со сопругата принцезата Катарина.

САД ги претставуваше првата дама Џил Бајден, со нејзината внука Финеган, а носеа жолта и сина боја, боите на украинското знаме, пишува Би-би-си.

Гостин беше и пејачката Кети Пери, која ќе настапи на концертот во сабота.

На концертот ќе настапи уште еден гостин од денешното крунисување – Лајонел Ричи, кој денеска се прости и од градоначалникот на Лондон Садик Кан.

Меѓу гостите беше и актерката Ема Томпсон.

Децата на кралицата Камила, Лора Лопес и Том Паркер Боулс, присуствуваа на церемонијата со своите деца. Меѓу гостите беше и нивниот татко Ендрју Паркер Боулс.

Семејството Мидлтон, родителите на принцезата Кетрин и нејзиниот брат и сестра, Џејмс и Пипа, седеа неколку редови зад принцот и принцезата од Велс.

Меѓу гостите, како дел од австралиската делегација, беше виден и пејачот Ник Кејв.

Со сопругата присуствуваше актуелниот премиер на Велика Британија Риши Сунак, а меѓу гостите беше и поранешниот премиер Борис Џонсон.

Како што пишува Би-Би-Си, седум поранешни британски премиери за првпат се живи и сите биле меѓу гостите.

Меѓу гостите беше и Ендрју Лојд Вебер, кој ја состави химната за крунисување на кралот.

Принцот Алберт II од Монако и принцезата Шарлин биле меѓу странското благородништво, како и шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција, како и белгиската двојка – кралот Филип и кралицата Матилда.

Меѓу гостите беа и канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи, како и двојката Макрон.

Melbourne
broken clouds
20.4 ° C
21.1 °
19.1 °
77 %
4.6kmh
75 %
Tue
20 °
Wed
16 °
Thu
20 °
Fri
21 °
Sat
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img