Sunday, August 14, 2022
HomeМакедонијаПратеникот на Левица со шокантни информации: Опозицијата и помага на власта

Пратеникот на Левица со шокантни информации: Опозицијата и помага на власта

Пратеникот на Левица, кој доби пратенички мандат од третата изборна единица, Борислав Крмов на својот Фејсбук профил сподели необична и неочекувана информација.

Како што информира Крмов, тој и лидерот на партијата, Апасиев воопшто не добиле известување за утрешните седници во Собранието од 12 и 12:30 часот.

Според Крмов, сето тоа е направено со умисла, во кое учествува и опозицијата, поради тоа што власта моментално нема доволен кворум за да се одржат седниците.

-За утрешните две седници закажани во 12:00ч и 12:30ч ние пратениците од Левица не добивме никакво известување! Ниту смс, ниту повик! И ова е не знам кој пат по ред! Чиста среќа што налетав на колешка во Собранието да ме извести!

-Ејјј на тоа ниво е паднат Законодавниот дом по ходници да се информираат пратениците! Нејсе, утре ќе видиме кој „дил“ го имаат направено дел од опозицијата за да се одржат седници, бидејќи на владејачкото МАЛЦИНСТВО моментално му фалат 6 пратеници!

Набрзо потоа со став излезе и Апасиев:

Сакав да пишам пост на темава ЗАКАЖУЕЊЕ СЕДНИЦИ У СОБРАНИЕ, ама еве другиов пратеник веќе пишал… Чисто да видите како функционира државава

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img