15.8 C
Skopje
9.5 C
Melbourne
Wednesday, 22 May, 2024
0
Дома Свет Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан се закануваат да ги потопат мировните преговори

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан се закануваат да ги потопат мировните преговори

Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинија во четвртокот за смртоносната размена на оган по должината на заедничката граница, која се заканува да го попречи моментот за решавање на долготрајниот спор неколку дена пред мировните разговори предводени од ЕУ, пренесува „Еурактив“.

САД и Русија повикаа на воздржаност меѓу кавкаските соседи вовлечени во деценискиот спор за регионот Нагорно-Карабах по последното разгорување на судирот, во кое едно лице загина, а четворица беа повредени.

Повикувајќи се на договорот од ноември 2020 година, со кој завршија шестнеделните непријателства, Баку ја обвини Ерменија за провокација во која загинал еден азербејџански војници и за прекршување на примирјето со оружје во голем калибар.

Ерменија првично рече дека четворица нејзини војници биле ранети во источниот регион на земјата.

„Азербејџанските сили напаѓаат со артилерија и минофрлачи врз ерменските позиции во регионот Сотк“, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

Регионот Сотк во Источна Ерменија е познат по рудниците за злато. Сотк се наоѓа во Ерменија и е на одредено растојание од спорниот Нагорно-Карабах.

Ерменија е членка на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), регионална меѓународна организација и воен сојуз за одбрана предводен од Русија.

Договорот за колективна безбедност, исто како и Северноатлантскиот договор, предвидува колективна одбрана, односно агресијата против една држава учесничка во договорот се смета за агресија врз сите држави учеснички во договорот.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев треба да се сретнат в недела во Брисел на разговори предводени од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како дел од напорите да се постигне мировен договор за нивниот тридецениски територијален спор.

Според ЕУ, тие се согласиле да се сретнат и со лидерите на Франција и Германија на маргините на европскиот самит во Молдавија на 1 јуни.

Дипломатските напори на ЕУ следуваат по средбата на министрите за надворешни работи на Азербејџан и на Ерменија со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Вашингтон на почетокот на мај.

Портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, истакна дека двете земји треба да го прифатат во Брисел предлогот на Блинкен, со кој ќе тргнат вооружените сили од границата.

„Веруваме дека овој вид насилство го поткопува напредокот кон траен и достоинствен мир постигнат од Ерменија и Азербејџан “, рече Пател.

Западот го засили посредувањето во регионот бидејќи влијанието на Русија, историски главниот моќник меѓу поранешните советски републики, слабее по инвазијата на Украина.

„Очекуваме воздржан пристап од двете страни и ги повикуваме да не преземаат никакви активности што би можеле да доведат до зголемување на тензиите“, повика од Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ерменија традиционално се потпира на Русија како свој сојузник и гарант за безбедност, но Ереван станува сè пофрустриран од Москва и ја обвини Русија дека не ја исполнила својата мировна улога кога азербејџанските активисти го блокираа коридорот Лачин, единствената копнена врска на Нагорно-Карабах со Ерменија.

Melbourne
few clouds
9.5 ° C
11.8 °
7.3 °
88 %
2.6kmh
20 %
Wed
15 °
Thu
14 °
Fri
13 °
Sat
16 °
Sun
16 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img