Западните земји редовно ја обвинуваат Русија за мешање во изборите, особено преку кампањи за дезинформации.

Главниот противник на претседателот Ердоган на претседателските избори во Турција во недела, Кемал Киличдароглу, вчера ја обвини Русија дека користи „дипфејкс“ во кампањата, бидејќи уште еден опозициски кандидат се откажа од трката.

„Почитувани руски пријатели, вие стоите зад монтажите, заговорите, фалсификатите и снимките што вчера беа прикажани во оваа земја. Ако сакате да бидете наши пријатели и после (изборите), оставете ја турската држава на мира“, предупреди вчера Киличдароглу.

„Deepfakes“ или „hyperreality“ се дигитално манипулирани слики кои изгледаат многу реални. Тие се зголемен предизвик во борбата против дезинформациите ширум светот.

Кандидатот на турската опозиција Мухарем Инџе вчера се откажа од трката, велејќи дека е жртва на кампања за оцрнување на која се прикажани лажни снимки на кои е прикажан со љубовница и вози луксузен автомобил.

Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, кои дојдоа на власт на почетокот на 2000-тите, ги зајакнаа своите врски пред речиси десет години, кога односите меѓу Западот и нивните земји станаа затегнати.

И покрај нивните различни интереси, тие соработуваат за повеќе прашања, како Сирија. Турскиот претседател е меѓу ретките лидери кои имаат добри односи и со Москва и со Киев, и покрај конфликтот во Украина.