Tuesday, January 26, 2021
Home Балкан Во Бугарија речиси половина од тестираните позитивни на коронавирус

Во Бугарија речиси половина од тестираните позитивни на коронавирус

Во Бугарија, во последните 24 часа се потврдени 3.146 нови случаи, а починале 189 лица, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата. Како што се наведува, од последниот пресек се тестирани 7.224 примероци, што значи дека процентот на позитивни е 43,43 проценти.

Во моментов во Бугарија има 83.671 активни случаи.

Хоспитализирани се 6.270 лица, од кои 399 се на интензивна нега, пренесува БТА.

Од почетокот на епидемијата, во Бугарија се заразени 124.966 лица, од кои 3.069 починале.

Популарно