Tuesday, January 26, 2021
Home Балкан Aрапи ќе градат илјадници станови во Албанија

Aрапи ќе градат илјадници станови во Албанија

Aрапите ќе градат илјадници станови во соседна Албанија.

Aлбанскиот премиер Еди Рама, престојува во посета на Обеднетите Арапски Емирати (ОАЕ) и ја соопшти веста.

„Во Абy Даби денеска е потпишан е договор со кој ќе се финансира изградба на 2.000 станови во подрачјето на Драч, кое беше најпогодено од катастофалниот земјотес што се случи токму пред една година“, најави Рама.

Премиерот додава дека набрзо ќе почне голема инвестиција за трансформација на пристаништето Драч, кое е  „едно од најубавите и најголемите пристаништа на Средоземјето”.

Тој објави фотографии од средбата со министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула Бин Зајед Ал Нахјан, додавајќи дека во фокусот на дискусиите била и економската соработка.

Во регионот, претходно Арапите купуваа имоти во БиХ.

 

Популарно