Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починаа 822 лица, објави италијанското Министерство за здравство.
Бројот на починати во последните 24 часа е поголем од претходниот ден, кога беа регистрирани 722 смртни случаи.
Во соопштението се наведува дека се потврдени 29.003 нови случаи, а вчера тој број беше 25.853.
Направени се 232.711 тестови, повеќе од вчера, кога биле направени 230.007 тестови.
Во Италија, од почетокот на пандемијата починале 52.850 лица, а заболеле 1.510.000.