Рано утринава во Украина беше прогласено предупредување за опасност од воздушен напад поради руските ракетни напади, но беше укинато неколку часа по нападите во поголемиот дел од земјата, вклучително и во Киев, чии официјални лица соопштија дека одбраната соборила повеќе од 30 руски проектили и дронови.
Воените власти на Киев објавија на Телеграм дека Русија истовремено лансирала дронови и крстаречки ракети, пренесува Ројтерс.
„Според прелиминарните информации, повеќе од 30 воздушни цели од различни типови се откриени и уништени во воздушниот простор над и околу Киев од страна на силите за воздушна одбрана“, се вели во соопштението.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој претходно објави два одделни бранови на напади, напиша на Телеграм дека нема повици за спасувачките служби.
Украина тврди дека нејзината одбрана ги соборува повеќето руски проектили и дронови, наведува британската агенција.