Реџеп Таип Ердоган положи денеска заклетва, со што и формално го започна својот трет мандат како претседател на Турција.
Сето внимание на јавноста во државата е насочено кон составот на неговиот кабинет, при што се очекува тоа да биде јасна индиција дали под неговото раководство државата ќе успее да се справи со растечката инфлација.
69 годишниот Ердоган, минатата недела го обезбеди новиот петгодишен мандат во вториот круг од претседателските избори, победувајќи го кандидатот на здружената опозиција, Кемал Кличдароглу.
На тој начин, на крајот на овој мандат, Ердоган ќе биде на власт во Турција, повеќе од четврт век.
Турција ја има втората најголема армија меѓу членките на НАТО, домаќин е на повеќе милиони бегалци од Сирија и Авганистан и одигра клучна улога во постигнувањето на договорот со кој се овозможи безбеден транфер на Украинското жито и пченица низ Црното Море, со што се избегна глобалната криза со храна.