11.8 C
Skopje
14.3 C
Melbourne
Saturday, 20 April, 2024
0
Дома Економија 2,4% економски раст за годинава проектира Светска банка

2,4% економски раст за годинава проектира Светска банка

Македонската економија годинава ќе испорача раст од 2,4 отсто. Ова е најновата прогноза на Светска банка. Во извештајот на оваа меѓународна финансиска институција стои дека идната година економскиот раст ќе забрза и ќе биде на ниво од 2,7 отсто, а пак во 2025 година растот на економијата ќе изнесува 2,9 отсто.

Вом однос на податоците од регионот, од Светска банка најпозитивни очекувања имаат за Косово каде прогнозите се дека економскиот раст годинава ќе достигне 3,7 отсто. Со солидна прогноза од банката се и за Црна Гора каде растот е проектиртан на 3,4 отсто. Следуваат Албанија, Босна и Херцеговина и Србија, каде се очекува раст на економијата од 2,8 до нешто над два отсо раст. Од челенките на Европската унија кои се од опкружувањето за Хрватска се предвидува раст од 1.9 отсто а пак за Бугарија најниски 1,5 отсто.

Економски раст 2023

Косово 3,7%

Црна Гора 3,4%

Албанија 2,8%

Босна и Херцеговина 2,5%

Србија 2,3%,

Хрварска 1,9%

Бугарија 1,5%

Светска банка предвидува дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе ја заврши со економски раст од 2,6 отсто.

Што се однесува за состојбиоте на глобално ниво, од Светска банка ги намалија прогнозите зво однос на тие што ги дадоа лани, па така од 3,1 отсто сега светкста економија очекуваат да испорача раст од 2,1 отсто. Како главни предизвици со кои ќе се соочува светот и натаму предничи војната во Украина, а како во периодот што следи ќе се одвиваат економските текови ќе зависи и од личната потрошувачка која според банкарите ќе се намалува, а загрижувачки сигнали приостигнуваат и од еврозоната каде и натаму има намалена побарувачка од високоразвиените држави.

За разлика од меѓународната финансиска институција, централната банка на Македонија е со попесимистички очекувања за тоа како ќе заврши годинава на економски план. Растот на македонската економија од Народната банка очекуваат во 2023година да биде на ниво од 2,1 отсто. Но пооптимистични прогнози од Народната банка имаат за периодот шро следи, за догодина 3,6, и за 2025 година дури 4 отсто раст на економијатан што е за повеќе од 1 отсто во однос на прогнозите на Светска банка.

Melbourne
few clouds
14.3 ° C
15.4 °
13.4 °
69 %
4.1kmh
20 %
Sat
15 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Tue
23 °
Wed
14 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img