Sunday, January 24, 2021
Home Популарно Насилниците го барале Мајк Пенс во Конгресот за да го обесат

Насилниците го барале Мајк Пенс во Конгресот за да го обесат

Извиците се слушаа низ многу ходници во Капитол кога толпата успеа да се пробие во зградата

Твитер ја запре фразата „Обесете го Мајк Пенс“ која стана популарна во саботата откако компанијата го суспендираше профилот на Доналд Трамп.

Ваквите извици се слушаа во американскиот Капитол во средата, кога толпата поттикната од претседателот се обиде да направи пуч, шеташе низ ходниците, се спротивставуваше на органите на прогонот и во некои случаи очигледно планираше да киднапира пратеници.

Џим Бург, уредник за фотографија на Ројтерс во Вашингтон, рече на Твитер: „Слушнав најмалку три различни насилници во Капитол како велат дека се надевале дека ќе го пронајдат потпретседателот Мајк Пенс и ќе го погубат бесејќи го од дрво на Капитол Хил како предавник . Тоа беше вообичаена линија што се повторува. Многумина само зборуваа за тоа како потпретседателот треба да биде погубен“.

Пет лица загинаа како резултат на нападот, вклучително и еден полицаец од Капитол, наводно, откако бил удрен со апарат за гаснење пожар и една жена застрелана од полициските органи Беа извршени повеќе апсења, меѓу нив и мажи кои донесоа огнено оружје и експлозив во Вашингтон.

За време на бунтот, Пенс беше во Капитол, за да претседава со пребројувањето на резултатите од изборниот колеџ што Трамп се обиде да ги поништи, тврдејќи без докази дека неговиот пораз од Џо Бајден е резултат на изборна измама.

Претседателот постојано твитуваше дека Пенс имал овластување да ги поништи резултатите.

Приврзаниците на Трамп надвор од Капитол поставија бесилка и јамка.

Внатре, пратениците се криеја од бунтовниците кои ги напаѓаа канцелариите и собите на Домот и Сенатот. Еден член на толпата, пензиониран офицер на воздухопловството, беше сликан како носи пластични лисици.

Во неделата, Ен-би-си објави дека Пенс и Трамп не разговарале од немирите во Капитол.

Популарно