7.8 C
Skopje
17.9 C
Melbourne
сабота, 5 април, 2025
0
Дома Македонија Македонското вино преку Отворен Балкан се лансира низ светот како врвен квалитет

Македонското вино преку Отворен Балкан се лансира низ светот како врвен квалитет

Земјите од Отворен Балкан денес во Скопје го промовираа саемот за вино “Винска Визија на Отворен Балкан” , што веќе прераснува во еден од трите најголеми саеми за вино во светот. Преку промоција на виното, Македонија стана втора извозничка на вино во регионот и 29-та по ред по извоз на овој прозивод во светот.Минатата година, во рамките на “Отворен Балкан”, виното беше промовирани како еден од најзначајните производи на регионот. На настанот во Белград, производители на вино од Северна Македонија, Србија и од Албанија го покажаа и го промовираа балканскиот вкус на квалитетните вина кој беше потврден и на меѓународен саем на вино “Винитали” во Италија.

“Она што е резултат на Отворен Балкан, сега веќе се гледа и низ бројки. Размената и трговијата меѓу трите држави е зголемена за 25 проценти. Практично ги спроведуваме трите слободи на ЕУ тука кај нас на Балканот така како што доликува. На нашите граѓани на трите држави не им требаат граници, како што не им требаат граници  на земјите од ЕУ и затоа јас секогаш ќе бидам посветен на зголемување на соработката, на зголемување на комуникацијата, трговијата, на зголемување  на инвсетициите на трите држави, бидејќи тоа е она што нашите граѓани го заслужуваат” рече премиерот Димитар Ковачевски.

На крајот на Јуни Владата ќе донесе нова 10 годишна стратегија за развој на овој сектор, а до крајот на летото ќе се донесе и новиот Закон за вино. Обезбедeни се 300 познавачи на вино, трговци, дистрибутери и новинари, кои што во следните 12 месеци треба да ги посетат нашите винарии.

Визијата од пред неколку години за тоа како треба да функционира Балканот, денес е успешна приказна . “Отворен Балкан” ги зголемува пазарите, ги поврзува луѓето и ги шири можностите. Винската приказна на Отворен Балкан е само еден пример за тоа до каде водат отворените граници и соработката.“Ако во виното е вистината токму “Oтворен Балкан” е пример и за гостопримство и за добрина и за отвореност”, вели Министерот за земјоделие Шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Melbourne
clear sky
17.9 ° C
19.2 °
17.4 °
44 %
5.1kmh
0 %
саб
18 °
нед
20 °
пон
17 °
вто
17 °
сре
19 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img