7.8 C
Skopje
17.9 C
Melbourne
сабота, 5 април, 2025
0
Дома Македонија Голем дел од граѓаните на Македонија гледаат позитивно на иницијативата „Отворен Балкан“

Голем дел од граѓаните на Македонија гледаат позитивно на иницијативата „Отворен Балкан“

Речиси две третини од македонските граѓани се изјасниле дека позитивно гледаат на иницијативата „Отворен Балкан“ во која членуваат С Македонија, Албанија и Србија, покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања – Скопје, направена за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител.

На прашањето, пак, со која земја Македонија има најдобри односи, убедливо мнозинство од граѓаните одговориле Србија – дури 56,5%

63,3% од анкетираните граѓани одговориле дека иницијативата „Отворен Балкан“ е позитивна работа, додека, пак, 15,9% одговориле дека тоа е негативна. Споредбено со анкетата на истиот институт спроведена во 2020 г. се гледа дека довербата за оваа иницијатива расте, односно во 2020 г. позитивен одговор за тоа колку е добра иницијативата дале 42,4% од граѓаните, сега се гледа забележителен скок.

И етничките Македонци и етничките Албанци имаат речиси идентични ставови за иницијативата, односно 62% Македонци и 67% етнички Албанци позитивно гледаат на „Отворен Балкан“.

На прашањето, пак, со која земја Македонија има најдобри односи, убедливо мнозинство од граѓаните одговориле Србија – дури 56,5%. На второто место е Албанија со 11,3%, па следуваат Турција со 3,3%, Косово со сличен процент, па Хрватска со 2,6%, Словенија со 1,2%, Грција со 1,1%, а најмал број граѓани или 0,9% кажале дека тоа е Бугарија.

72% од етничките Македонци сметаат дека Србија ни е најголем пријател, додека 39,8% од етничките Албанци одговориле Албанија. Според регион, најголемиот број граѓани кои сметаат дека земјава има најдобри односи со Србија се од североисточниот регион, додека најмал број од Полошкиот Регион.

Melbourne
clear sky
17.9 ° C
19.2 °
17.4 °
44 %
5.1kmh
0 %
саб
18 °
нед
20 °
пон
17 °
вто
17 °
сре
19 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img