Македонија не успеа да оствари позитивен резултат на вечерашното соочување со Украина на кое покажавме две лица што на крајот се покажа како пресудно за поразот од 3-2.
Избраниците на Милевски имаа доминатно прво полувреме крунисано со два гола, добро почнавме и по паузата каде ривалот воопшто не беше опасен се до 62 минута и нивниот прв гол по кој едноставно се срушивме, преставме на играме, а тоа противникот знаеше да го искористи и да направи целосен пресврт за три големи бода на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
-Многу јасна слика. Одигравме перфектно прво полувреме, а потоа на површина исплива класичниот македонски менталитет. Целосно паднавме, мора да играме 90 минути ако сакаме успех. Многу се зборуваше за тактичката дисциплина и ние поискусните и тренерот. Имавме две различни полувремиња.
-Ова е удар, да загубиш по водство од 2-0. Тажни сме, тоа се гледа по сите. Кај сите желбата за победа беше голема, се надевам ќе извлечеме поуки од ваквите натпревари. Сега следи Англија, одиме да се натпреваруваме. Знаеме овој ритам што носи. Мора да се кренеме. За некого оваа средба доаѓа по пауза од три-четири месеци, ама јас не барам алиби – самите сме виновни, -порача капитенот Стефан Ристовски.
Средбата со Англија е на програмата в понеделник од 20:45 часот на „Олд Трафорд“.