Александар Волкановски ја одбрани неприкосновената титула во перо категорија.
Австралиската ѕвезда со мкаедонско потекло се соочи со привремениот шампион Јаир Родригез. Нивната борба беше насловна на настанот УФЦ 290, кој се одржа пред малку во Лас Вегас. Волкановски не му даде никакви шанси на Родригез и го совлада со нокаут.
Првата рунда започна мирно, а нешто подоцна Волкановски веднаш ја однесе борбата на партер. Јаир се обидуваше да застане на нозе, но тоа доведе до уште 2 соборувања од Александар. Родригез се обидуваше да упати удари од лежечка позиција, но Волкановски доминираше.
Алекс се обиде да го заврши, но не успеа. Без сомнение рунда за шампионот по доминацијата.
Во втората Јаир приземјуваше секакви удари за да го држи Волкановски подалеку. Двајцата разменија крошеа, а потоа Алекс ја скрати дистанцата и ја однесе борбата на партер. Јаир се обидуваше да застане на нозе, но тоа резултираше со уште 2 соборувања за шампионот.
Алекс има 6 нокдауни во овие 2 рунди. Волкановски целосно го контролираше мечот и постигнуваше удари. Лицето на Јаир е покриено со крв. Родригез едноставно не може да се спротивстави на пресијата на Волкановски. Доминација и во оваа рунда на Алекс.
Во третата рунда разменија лоу кикови и удари. Јаир беше за еден поен подобар и активен во стој. Волкановски удри со глава во брадата на Јаир и борбата беше прекината. Родригез реши да продолжи и му зададе висок удар на Волкановски.
Александар мавна тешка десница што го потресе Родригез и тоа беше почеток на крајот. Алекс силно го притисна Јаир, кој беше во дефанзива. Волкановски го удира со тупаници, а потоа го носи на партер. Следуваше дожд од удари, принудувајќи го Херб Дин да ја прекине борбата.
Волкановски победи со нокаут во последната минута од 3. рунда. По средбата Волкановски изјави дека мора да оди на операција бидејќи има проблем со раката. Тој изјави дека сака нова шанса против Ислам Махачев, но подготвен е и за Илија Топурија.
Волкановски е недопирливиот крал на перо категорија
Неверојатна изведба на Александар Волкановски. Австралиецот е незапирлив во перо категорија и ова е негова петта успешна одбрана на појасот во таа категорија. Јаир Родригез почна да се подигаше во третaтa рунда, но Волкановски брзо потсети дека едноставно нема рамен во категоријата до 66 килограми. 34-годишниот борец со македонски корени е еден од најголемите борци во историјата на овој спорт и едноставно ужива додека е активен на боречката сцена.
Alexander Volkanovski defended his Featherweight title again, defeating Yair Rodriguez via technical knockout in the third round 🔥.
Alexander Volkanovski announced after the fight that he would need surgery for an unknown injury he did not announce but wants to fight before… pic.twitter.com/TSePniT2W0
— Top Bunk Sports (@Topbunksports) July 9, 2023