16.8 C
Skopje
13.9 C
Melbourne
Thursday, 2 May, 2024
0
Дома Австралија Австралиски милионер бара личност која ќе патува со него низ светот: „Ти...

Австралиски милионер бара личност која ќе патува со него низ светот: „Ти земаш плата и ги возиш моите автомобили“

Метју Лепре, австралиски милионер, еднаш побарал една личност да патува околу светот и и платил 35.000 евра, поради што привлече големо внимание, а сега повторно решил да го направи истото.

Имено, богаташот на својот Инстаграм профил објави дека конкурсот е повторно објавен, а апелираше до пријателите да ги означат (тагираат) луѓето кои сметаат дека се адекватни за оваа работа:

“Официјално ангажирам нов личен асистент кој ќе патува низ светот со мене. Означете некого што мислите дека би било одлично за улогата. Ако означите пријател или ја споделите вашата приказна, ќе ги зголемите шансите да добиете улога за себе Повеќе ознаки = повеќе шанси да добиете улога. 1 ознака е еднаква на 1 запис; 1 приказна = 5 записи”; напиша милионерот на Инстаграм и додаде:

„Сите платени трошоци, сместување и патување, вие добивате плата и ги возите моите суперавтомобили“, посочи тој.

30-годишниот претприемач ја основал компанијата Ecom Warrior Academy и поседува дури четири компании кои му носат приход од 120.000 долари месечно, пишува Daily Mail.

Патот до успехот на милионерот не бил лесен и не крие дека имал тешко детство, кое го мотивирало да им помага на другите и да обезбеди некому работа од соништата која ќе му го промени животот.

„Пораснав во западните предградија на Сиднеј потпирајќи се на оброците на Армијата на спасот бидејќи мојата самохрана мајка не можеше да си дозволи намирници, па за жал можам да ги разберам тешките времиња со кои се соочуваат луѓето. Најмалку што можам да направам е да дадам работа на некој што би можел моментално е невработен и сака да работи од дома“, рече тој еднаш.

Милионерот потоа објави оглас за виртуелна работа личен асистент со плата од 52.000 долари, на што одговориле повеќе од 70.000 луѓе.

Сега бара некој кој ќе го пропатува светот со него и ќе му биде десна рака и ќе му помогне за време на патувањето, а на сите заинтересирани им испрати покана на Инстаграм каде го следат повеќе од половина милион луѓе.

Melbourne
clear sky
13.9 ° C
15.8 °
13 °
76 %
2.1kmh
0 %
Thu
14 °
Fri
17 °
Sat
16 °
Sun
17 °
Mon
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img