Monday, March 8, 2021
Home Спорт (ВИДЕО) Леброн го сруши Кливленд со 46 поени, Јокиќ се радуваше против...

(ВИДЕО) Леброн го сруши Кливленд со 46 поени, Јокиќ се радуваше против Дончиќ, нов трип-дабл за Словенецот

Koшаркарите на ЛА Лејкерс изминатата вечер го победија Кливленд со 115:108, одличен натпревар одигра Леброн Џејмс.

Џејмс и тоа како беше расположен против својот поранешен клуб и ги водеше Лејкерси до нова победа. Лејкерси од самиот почеток имаа предност и беше јасно дека Кливленд тешко ќе го избегне поразот. На крајот актуелниот шампион славеше со 115:108. Најзаслужен за оваа победа беше Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 46 поени, осум скокови и шест асистенции. Се истакна и Ентони Дејвис со 17 поени и 10 скокови. Кај Кливленд најефикасен беше Андре Драмонд со 25 поени и 17 скокови.

Одличен натпревар одиграа Денвер и Далас, славеше Денвер со 117:113. Денвер до победата беше предводен од Мајкл Портер со 30 поени, доодека Никола Јокиќ уфрли 20 поени и додаде уште 10 скокови и 4 асистенции.

Во екипата на Далас повторно одличен беше Лука Дончиќ, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот. Словенецот натпреварот го заврши со нов трипл-дабл од 35 поени, 16 асистенции и 11 скокови.

Популарно

- Реклама -