На 1 Октомври 2023 во Епинг, Мелбурн, беше отворен новиот Македонски културен центар финансиран од буџетот на Викторија.
Македонскиот културен центар беше отворен од министерката за енергетика Лили Д’амбросио (Lily D’ Ambrosio) и пратеничката во Парламентот на Викторија Бронвин Халфпени (Bronwyn Halfpenny), а на свеченоста присуствуваше и министерот за миграција Ендрју Гилс (Andrew Gilles).
Македонскиот културен центар беше осветен од Архимандрит отец Гаврил во сослужениесо отец Климент Станковски и протоереј Ефтим Бетински од Македонската Православна Црква во Австралија, а на осветувањето присуствуваа голем број Македонци.
За присутните беше приредена богата културно-уметничка програма со македонски песни и ора и македонско мени од традиционалната македонска кујна.
Македонскиот културен центар се наоѓа позади македонската црква “Свети Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг.
Македонскиот културен центар е отворен за организација на македонски културни настани и состаноци.
За многаја лета и аирлија работа.
Светскиот Македонски Конгрес го честита отворањето и работата на Македонскиот културен центар во Епинг, Мелбурн, Австралија.