ВМРО-ДПМНЕ дала мнонопол на една компанија да организира игри на среќа за 15 години, сега државата со удел од 51% ќе ги контролира трите фирми за интернет игри на среќа, а парите од даноците ќе останат дома наместо да одат на сметки во странство. „Черепот“ не го знам, сакаме дистанца од половина километар на казината, рече Артан Груби во Само Интервју.Тој посочи дека е само прв вицепремиер кој тој ден претседавал со таа седница кога била донесена одлука како и многу други. Не знам кому му пречи повеќе контрола во казината и кладилниците, рече Груби.

„0“ денари се платени пенали за БЕХТЕЛ И ЕНКА, брутална лага и пропаганда имаше за најголемата инвестиција и се за дневно политичко профитерство, одговори Груби на обвинувањата на опозицијата дека се платени пенали за иградбата на коридорите.

Ниту дуи, ниту Ахмети ниту јас немаме никакво влијание во изборот на подизведувачи, апелирам до сите заинтересирани што сакаат да работат на еден ваков проект да се пријават има многу слободни работни места и тоа е можност да се стекне искуство во една голема компанија, што за мене значи животен проект, изјави Артан Груби во вечерашното Само Интервју.