22.8 C
Skopje
9.2 C
Melbourne
Friday, 3 May, 2024
0
Дома Австралија (ВИДЕО) Во Мелбурн пристигна Митрополитот г. Тимотеј

(ВИДЕО) Во Мелбурн пристигна Митрополитот г. Тимотеј

Денес на аеродромот Туламарин во Мелбурн пристигнаа Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор на Австралиско-сиднејската Епархија г. Тимотеј со својата придружба: протојерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ќе остварат канонска посета на Австралиско-сиднејската Епархија.

На аеродромот во Мелбурн беше пречекан од Македонското Свештенство и управителите на Австралиско-Сиднејската Епархија.

Митрополитот Тимотеј во својата канонска визитација ќе ги посети Црквите ширум Австралија и тоа во градовите Сиднеј, Канбера, Квинбијан, Џелонг, Бризбан, Голд Кост и Перт.

Посетата ќе започне со пристигнување во градот Мелбурн на ден 24.10.2023 година во утринските часови.

На ден 26.10.2023, во вечерните часови ке остварат средба со Управниот Одбор на Македонската Православна црква „Св. Јован Крстител“ во Џилонг, каде што ке отслужат и Вечерна богослужба.

На ден 27. Октомври, 2023 година, (ПЕТОК), на празникот Преподобна Параскева  – Св. Петка (ПЕТКОВДЕН) ќе остварат средба со Управниот Одбор на МАПЦ „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, каде ќе се служи Божествена Архиерејска Литургија со повеќе свештенослужители од Мелбурн, со почеток во 9:00 часот наутро.

На ден 28. Октомври, 2023 година, (САБОТА), ќе го посетат Македонскиот Православен Манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинг Лејк и ќе остварат средба со Управниот Одбор на истоимениот манастир.

На ден 29. Октомври, 2023 година, (НЕДЕЛА), на празникот „Св. маченик Лонгин Стотник и Преп. Лонгин“, ќе остварат средба со Управниот Одбор на МПЦО за Мелбурн и Викторија  „Св. Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ во Епинг и ќе се служи Божествена Архиерејска Литургија со повеќе свештенослужители од Мелбурн, со почеток во 9:00 часот наутро.

Апелираме до Македонските Православни Верници да бидете дел од богослужбите каде што ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор на Австралиско-сиднејската Епархија г. Тимотеј.

За многаја лета!

Melbourne
clear sky
9.2 ° C
12.6 °
6.6 °
86 %
3.6kmh
0 %
Thu
11 °
Fri
17 °
Sat
15 °
Sun
16 °
Mon
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img