13.8 C
Skopje
14 C
Melbourne
четврток, 3 април, 2025
0
Дома Австралија (ВИДЕО) Пливачи на плажа во Австралија се доближиле и допреле кит

(ВИДЕО) Пливачи на плажа во Австралија се доближиле и допреле кит

Пливачи на плажата Лејтон, во близина на Перт, Австралија, опасно се приближиле и допреле кит кој пливал веднаш до брегот.

На видеото се гледа како китот се упатува кон плитките води, што го привлече вниманието на капачите, а потоа се сврте и тргна кон отворено море.

Морскиот биолог д-р Натали Синклер изјави за Би-Би-Си дека цицачот е во голема опасност да се насука на брегот, но нагласи дека ова однесување е „невообичаено и опасно“.

Таа, исто така, предупреди дека луѓето што пливаат толку блиску до кит може да го дезориентираат животното и дека е најдобро во такви ситуации „да го оставиме китот на мира“ и да ги препуштиме сите обиди за спасување на професионалци.

-Близината на капачите до китот претставува ризик, не само за животното, туку и за нив самите – додаде таа.

Станува збор за грбав кит, кој може да достигне тежина од 45 тони и да порасне до 16 метри.

Melbourne
broken clouds
14 ° C
14.4 °
12.2 °
83 %
3.6kmh
75 %
сре
14 °
чет
22 °
пет
18 °
саб
17 °
нед
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img