Поранешниот заменик-градоначалник на градскиот совет на Ливерпул не изгуби никаква форма на неодамнешниот форум во заедницата. Пред полната сала на заедницата, тој го посрами либералниот градоначалник Надер Мухамед Манун кога не можеше да одговори колку ќе продаде заедничко земјиште на установа за машини за игри.
Го прашавме по состанокот зошто е толку загрижен поради купувањето на заедничко земјиште на спортскиот клуб Мурбанк „Речиси две третини од загубите на коцкање во Сиднеј доаѓаат од западен Сиднеј, а со кризата на трошоците за живот тоа го поттикнува проблемот со коцкањето во Ливерпул“ Петар Ристевски изјави.
„Она што е уште позагрижувачко е фактот што спортскиот клуб Мурбанк беше под истрага за стратегија за услуги на клиентите што го става персоналот под притисок да ги охрабри жителите на Ливерпул да трошат повеќе од своите тешко заработени пари отколку што планирале на покер машини“.
„Кој го одобри заедничкото ветување од 50 милиони долари на либералниот градоначалник Нед и неговата сопруга, пратеникот Холсворти, за изградба на воден центар кој вклучува продажба на јавно земјиште на Мурбанк Спорт.
По разговорот со советниците кои не се либерали, знам дека тоа никогаш не било овластено и ќе пишѕвам до ICAC да спроведе истрага за ова“, изјави Ристевски.
Разговаравме со неколку жители кои беа присутни на форумот на заедницата и многу од нив рекоа дека би било прекрасно да се врати Ристевски.
Во вистинска форма, Ристевски во преполната галерија изјави дека либералниот градоначалник не е финансиски компетентен да управува со буџетот на Советот од 250 милиони долари, кога неговата компанија беше ставена во ликвидација поради неплаќање на долговите.
Го прашавме дали ќе се кандидира за градоначалник на Ливерпул на септемвриските избори „Наскоро ќе објавам и мислам дека сите ќе бидат многу среќни“.